Џесика Алба наздрави со чаша вино ден по роденденот

Еден ден по нејзиниот 39-ти роденден, Џесика Алба на својот Инстаграм објави видео на кое таа им наздравува на своите фанови со чаша вино во раката.

Во видеото кое го постираше во средата, американската актерка позира покрај букет цвеќиња, облечена во кошула со цветен дезен и сива маица под неа.

Актерката во еден краток момент се наврати на сегашната ситуација со светската пандемија и воедно се заблагодари за сите благослови во својот живот.

„Наздравје за уште едно патување околу сонцето. Времето, сега повеќе од кога и да било, изгледа како да лета но истовремено е и успорено, има ли смисла тоа,“ ја започна таа својата здравица.

„Чувствуваме дека животот е кревок. Сепак, остануваат малите моменти и спомените “, додаде ѕвездата на научнофантастичната серија „Темен ангел “.

„Мојот Кеш Ворен и моите деца Хонор, Хевен и Хејс – ми го отворија срцето за толку многу љубов и толку многу благослови. Никогаш не знаев дека е можна таква длабока безусловна љубов,“ додаде Алба.

Треба да знаете
Последни објави