Бројот на починати од коронавирус во Италија се зголеми за 269 лица , што е намалување во однос на вчерашниот ден – кога имаше 285 жртви, соопшти Агенцијата за цивилна заштита. Меѓутоа бројот на заразени е 1.965, што е зголемување во однос на вчерашните 1.872.
Вкупниот број на смртни случаи од 21 февруари, кога за прв пат се појави вирусот во Италија, се зголеми на 28.236. Бројот на потврдени случаи, вклучувајќи починати или закрепнат од вирусот, достигна 207.428.
На одделението за интензивна нега денеска има 1.578 лица, што е помалку од вчерашните 1.694 пациенти.