На сојузните американски држави и локалните власти можеби ќе им треба скоро илјада милијарди американски долари помош во текот на следните неколку години за да се справат со последиците од пандемијата со новиот коронавирус. Тоа го нагласи синоќа претседателката на Претставничкиот дом на Конгресот на САД, Ненси Пелоси.
– Нема да можеме да го покриеме сето тоа, но наша цел е да направиме колку што можеме, изјави синоќа Пелоси на брифинг.
На прашањето дали таа помош ќе биде најголем дел од претстојниот закон за помош, таа рече дека се надева и повтори дека станува збор за помош од илјада милијарди долари.