Претседателот Стево Пендаровски, во интервју за „360 Степени“ го кажа својот став во однос на декларацијата усвоена во бугарскиот парламент.
„Постојат неколку елементи кои одат директно, не кон Преспанскиот договор, не само што се анахрони кон тенденциите во обединета Европа во последните неколку децении, туку одат директно спротивно на неколку базични постулати на нашиот договор со Бугарија. Ние таму не велиме дека во преговорите за ЕУ треба да утврдуваме етничка припадност на некој кој живеел пред 150 години. Клучниот израз употребен во тој билатерален документ е споделена историја. Не заедничка историја во која вие ќе кажете до 44-та било се бугарско, ти само треба да потпишеш… туку личности и настани, не сите до 44-та туку некои личности и некои настани кои се битни и за тебе и за мене. И за Бугарија и за Македонија. Во тоа е изразот споделена историја. Тебе ти е битен и мене ми е битен и затоа го изучуваме и затоа го почитуваме. И затоа во одредени ситуации договараме и заеднички да го чевствуваме. Како за Кирил и Методиј, и порано уште пред комисијата да почне да работи, со години и години имаше бугарска делегација, македонска делегација, одеше во Ватикан итн. Ако се потпреме на тој израз кој е составен дел на билатералниот договор ние многу брзо ќе најдеме заедничко решение. Во спротивно, ако инсистираме дека до 44-та е заедничка историја, или читај само бугарска историја, немаме за што да преговараме, вели Пендаровски.