Полициски службеници од Полициската станица за Граничен надзор Пехчево, вчера на патот кој води кон Кадица, на место викано „Буковик“, пронашле експлозивни направи, една од минофрлач, калибар 82 мм и една неексплодирана експлозивна направа од топ, калибар 75 мм.
Од стручно лице од Дирекцијата за заштита и спасување-Берово, пронајдените експлозивни направи биле подигнати за понатамошна постапка.