Голем број скопјани го искористија скратениот полициски час и традиционалниот првомајски излет го реализираа во природа, па Водно, Марков Манастир, Матка и останатите излетнички места не останаа празни.
Иако немаа цел ден да уживаат во скарите и дружењето, скопјани максимално ги искористија неколкуте часа за да се провеселат и да излезат од карантинското секојдневие.
Така беше и на браната Козјак каде повеќе скопјани го помонаа првомајскиот излет.