Алијанса на Албанците: Ниските плати и тешките работни услови го оставаат овој ден далеку од празник

Ви се обраќаме денес на Меѓународниот ден на работниците, ден кој денес се смета за празник во светот, но за жал во нашата земја невработеноста, ниските плати и тешките работни услови го оставаат овој ден далеку од празник.

Во Република Македонија 17,3% или 166.363 лица не уживаат ни минимално право на работа, додека друг загрижувачки показател на пазарот на трудот е зголемувањето на пасивната популација од 2010 година до крајот на 2019 година, чиј број достигна 716.832 неактивни лица кои се способни да работат, но не бараат работа, а тоа се должи на фактот дека граѓаните ја изгубиле довербата во многу државни институции, а Агенцијата за вработување не е исклучок во овој случај.

Пандемијата „Ковид 19“ предизвика уште поголема невработеност во земјата, а новите владини мерки со кои се оправдува отпуштањето од работаво оваа криза ќе влијаат на зголемувањето на бројот на невработени во приватниот сектор каде невработеноста веќе достигна 40%.

Додека владата се жали дека државниот буџет нема доволно пари и од кои одвои само 0,2% за управување со кризата, истата влада за своите вечери и ручеци и нејзините службеници за време на вирусот одвоила од државниот буџет повеќе од 60 илјади евра! Овој скандал јасно покажува дека владата има намера да го засити својот стомак, додека остава илјадници други гладни.

Досега, сите мерки на владата воопшто не им помогна на граѓаните, ниту ги натера да се чувствуваат побезбедни, додека од друга страна државата постојано влегува во кредити, што ризикува јавниот долг да биде најголем во последните 10 години.

Бараме Владата да престане со создавање забуна меѓу вработените и деловната заедница, со тоа што постојано се спротивставува и негира себеси, но да пристапи со искреност и да обезбеди мерки со кои работникот ќе биде заштитен.

Бидејќи секогаш баравме транспарентност во трошењето на народните пари, Алијансата за Албанците продолжува да инсистира Владата да ја исполни својата обврска и да даде отчет пред граѓаните за реалната состојба на државниот буџет и тоа колку има место за граѓаните во тој буџет.

Ја потсетуваме владата дека е нејзина законска и морална обврска да се грижи за граѓаните на оваа земја, кои напорно работат за пополнување на државната каса, која каса треба да им излезе в пресрет токму на граѓаните кога им е најмногу потребно!

Треба да знаете
Последни објави