Половина од вработените во една болница во Шведска заразени со коронавирус

Половина од персоналот во една болница во шведскиот град Хелсингборг се позитивни за коронавирус, објавија локалните медиуми.

Дел од болницата во Хелсингборг е делумно затворен поради голем број заразени меѓу вработените, а пациентите се пренесени во друг дел од објектот.

Директорот на болницата Харалд Рос изјави за „Sveriges radio” дека бројот на заразени лица предизвикува загриженост, но дека тие ги следат упатствата за борба против пандемијата.

Во Шведска досега од вирусот починале 2.586 луѓе.

Шведскиот епидемиолог Андерс Тегнел предупреди дека тој број би можел да биде многу поголем заради доцнењето при пријавувањето на смртните случаи.

Треба да знаете
Последни објави