Екипите на СПАЛ и Парма објавија дека нивните играчи нема да продолжат со тренинзите во понеделник, иако добиле зелено светло од локалните власти.
– Активноста на првиот тим ќе остане суспендирана додека го чекаме здравствениот протокол и правилата за продолжување на спортот, рече СПАЛ.
Позицијата на Парма е слична. Тие велат дека чекаат протокол, кој треба да го поддржат сите, пред да започнат повторно со групни активности.