Криминалното однесување на ВМРО-ДПМНЕ на дело, функционер на оваа партија фатен како бара поткуп од земјоделец

Пред неколку дена јавноста беше сведок како функционер на ВМРО-ДПМНЕ, вработен во државна институција примил поткуп од 600 евра од еден земјоделец од радовишкото село Бучим.
Полицијата му поднесе кривична пријава на Игор Гоцевски преку Јавното обвинителство во Струмица откако го приведе со обележани банкноти во износ од 36 000 денари.

Гоцевски е член на Извршниот одбор на ВМРО ДПМНЕ во Струмица, а го води партискиот центар за аналитика. Тој е дел од тимот на Христијан Мицкоски и ја спроведува криминалната политика на ВМРО-ДПМНЕ која со закани и страв сака да ги држи граѓаните под контрола.

Овој случај е потврда каква е политиката на ВМРО ДПМНЕ. Ако нивниот функционер ова го правел кога неговата партија не е на власт само може да се претпостави што правел Гоцевски и уште многу други како него кога на власт беше режимот на Никола Груевски.

Настанот потврдува дека ВМРО-ДПМНЕ владееле со закани и уцени сеејќи страв кај земјоделците кои биле принудувани да даваат поткуп на партиски и државни функционери, тогашни тимски играчи на Груевски, а сега на Мицкоски.

Но ова потврдува и дека ништо не е сменето во партијата предводена од Мицкоски

СДСМ ги повикува институциите да постапат одговорно и професионално во случајот со примениот поткуп на партискиот функционер на ВМРО-ДПМНЕ, но и да проверат дали постојат и други земјоделци- жртви на криминалците на Мицкоски.

Ги охрабруваме граѓаните да ги пријават сите државни службеници кои ќе се обидат да им изнудат поткуп или ќе ги уценуваат на каков било начин, без разлика дали се или не се функционери на партии. Со падот на режимот на ВМРО-ДПМНЕ заврши ерата на криминално и коруптивно владеење и затоа нема да дозволиме заради алчни лични и партиски интереси да се загрозува слободата и правото на државна парична помош за ниту еден земјоделец.

СДСМ е одлучна во борбата против криминалот, денес правната држава функционира, а законите важат за сите подеднакво.

Треба да знаете
Последни објави