Расте бројот на починати од коронавирус во болниците и старските домови во Велика Британија

Смртните случаи од коронавирус во болниците и домовите на стари лица во Велика Британија се зголемија за 739 на вкупно 27.510 илјади, соопштија здравствените власти.Бројот на починати е поголем од вчера кога изнесувал 674.

Велика Британија, по бројот на починати лица, е втора најтешко погодена земја во Европа по Италија. 237.000 луѓе починале досега во целиот свет.Повеќе од еден милион се опоравиле, со вкупно се заразени 3,3 милиони луѓе.

Треба да знаете
Последни објави