Рускиот министер за градежништво Владимир Јакушев е заразен со новиот коронавирус, соопшти ресорното Министерство.
Јакушев, како што се наведува во соопштението, изјавил дека ќе замине на лекување во градската болница.
– Ќе се лекувам в болица во Москва. Ќе бидеме во контакт, истакнал Јакушев.
Рускиот премиер Михаил Мишустин во четвртокот објави дека е позитивен на новиот коронавирус.
Досега во Русија има потврдено 114.431 заразено лице со коронавирус и 1.169 смртни случаи.