Фрустрацијата на ВМРО-ДПМНЕ секојдневно расте.
Неможејќи да се помират со успешното справување на државата со корона вирусот се користат со лаги и манипулации од краток рок и тераат евтино политиканство.
Додека цел свет брои стотици илјади жртви, а европските земји и во десетици илјади, Република Северна Македонија успешно ја менаџира кризата и навремено превенираше здравствена катастрофа од огромни размери.
Мицковски ја злоупотребува трагедијата на луѓето кои починаа за евтини поени. Наместо да се вклучат и помогнат, од самиот почеток делуваат деструктивно а сега откако видоа дека граѓаните ги поддржуваат политиките посегнаа и по одвратни методи.
Северна Македонија има помала смртност и од светскиот и од европскиот просек, имаме повеќе излечени од активни слуачи и сето тоа го направивме за само два месеци со огромни напори на здравствените работници и менаџментот во здравството но и сите други вклучени институции. Граѓаните тоа го познаваат и ќе го казнат ВМРО-ДПМНЕ за ваквото деструктивно однесување кое воопшто не изненадува за партија која не бира методи.