– Напаѓачот Хесе Родригез е меѓу играчите на Пари Сен Жермен кои станаа шампиони во сезоната 2019/20, пренесува „АС”. 27-годишниот Шпанец беше на терен една минута во мечот со Мец пред да се пресели во Спортинг Лисабон.
Сепак, тој ќе добие златен медал за ова првенство во Франција.
Парижаните беа прогласени за шампиони, откако властите во земјата решија да ги прекинат сите спортски сезони на територијата на земјата.