Според корејските медиуми, Ким присуствувал на церемонијата по повод завршувањето на изградбата на фабрика за ѓубрива во Сунчеон, во близина на главниот град Пјонгјанг, со други официјални лица, вклучувајќи ја и неговата сестра Ким Jo Џонг.
Ким последен пат е виден на 11 април на состанокот на Политбирото на владејачката Работничка партија на Кореја.Шпекулациите за неговото здравје започнаа да циркулираат бидејќи тој не успеа да се појави на 15 април за да го прослави најважниот национален празник, годишнината од раѓањето на неговиот дедо Ким Ил Сунг, основачот на Северна Кореја.
Додека во последните неколку недели кружат гласини за лошата состојба на Ким, дури и за негова евентуална смрт, владата на Јужна Кореја објави дека Ким од 13 април престојува во областа Вонсан и дека во Северна Кореја „не се забележани никакви сомнителни движења“.