Десетици илјади луѓе во Узбекистан и Казахстан се евакуирани од басенот на реката Сир Дарја, откако вчера попушти ѕидот на браната на едно акумулациско езеро на узбекистанска територија, што предизвика големи поплави на двете страни од границата меѓу двете земји.
Во Узбекистан 22 села во погоденото подрачје евакуирале околу 70.000 луѓе, соопшти Владата во Ташкент.
Во Казахстан властите евакуираа околу 5.400 жители од четири села во јужната провинција Туркестан, изјави гувернерот Умирзак Шукејев.
Узбекистанските власти соопштија дека успеале да го намалат дотокот на водата и да ја пренасочат во блиското езеро.