Македонскиот фудбалски репрезентативец Бобан Николов чека капитенот на државниот тим Горан Пандев да му заврши работа за да му се придружи во редовите на италјанскиот калчолигаш Џенова. Ова го соопшти Николов во онлајн разговор со колегата од репрезентацијата Илија Несторовски, кои настапува во Италија за Удинезе, а изминативе неколку недели во времето на карантинот поради коронавирусот на Инстаграм организира вкучувања во живо на „Нестор тв“ различни гости меѓу кои најбројни му се соиграчите од репрезентацијата и разговараат на различни теми.
„Чекам Пандев да заврши работа за Џенова“, рече Николов во разговорот со Несторовски на Инстаграм и додаде: Нема кој да му асистира на капитенот, додаде играчот за врска од редовите на унгарски Фехервар (поранешен Видеотон).
Николов има договорна обврска со Фехервар уште една сезона, но интензивно учи италјански и се надева дека капитенот од репрезентацијата Пандев ќе ја заврши започнатата работа, а унгарскиот тим нема да му прави проблеми да се пресели во калчолигашката конкуренција пред истекот на догворот, во текот на претстојниот преоден рок.