Пекинг ги отвори музеите за посетителите

Парковите и музеите во Пекинг, вклучувајќи го и античкиот Забранет град, се повторно отворени за јавноста, по неколкумесечно затворање поради пандемија на коронавирус.

Забранетиот град го ограничи бројот на посетители на само пет илјади на ден, додека претходно имаше по 80 илјади посети.Заменик директорот на Бирото за градинарство во Пекинг, Гао Давеј изјави дека посетителите мора однапред да ги резервираат своите билети преку Интернет.

Пекинг во четвртокот го намали нивото на итни мерки за пандемијата од прво на второ ниво, но проверката на температурата и физичката дистанца сè уште се на сила. Во петокот Кина пријави 12 нови случаи на заразени, шетмина од нив дошле од странство, а нови смртни случаи нема во изминативе 16 дена.

Од почетокот на пандемијата во декември минатата година, во Кина се пријавени 83.958 случаи на позитивни на коронавирус, додека 4.637 лица починаа.

Треба да знаете
Последни објави