Анкета: Германците стравуваат да влезат во фризерски салони откако ќе им биде дозволено повторно отворање в понедленик

Тринаесет отсто Германци стравуваат и тешко дека ќе посетат фризерски салони, откако ќе биде дозволено отворање в понеделник, јави ДПА.

Агенцијата објави социолошко истражување од страна на ЈуГов, откако фризерски салони останаа затворени во Германија повеќе од шест недели.

Дваесет и пет проценти од испитаниците рекле дека имаат мала загриженост додека 11 проценти од испитаниците во никој случај нема да влезат во фризерски салони, дури и откако ќе бидат отворени вратите поради страв од пандемијата.

Во анкетата се додава дека голем број Германци направиле обиди во самоизолација сами да се грижат за своите фризури – 14 проценти не стравувале од таков потег. Осумдесет и седум проценти се задоволни од сопствените резултати. Три проценти домашни фризури завршиле „катастрофално”

Треба да знаете
Последни објави