Во бунт кој изби во затвор во централниот дел на Венецуела најмалку 40 лица загинаа, а 50 се повредени, меѓу кои е и припадник на Националната гарда и управникот на казнениот дом, соопштија локалните власти.
– Немирите започнаа со протест на затворениците, кои бараа на членовите на нивните семејства да им биде дозволено да им донесат храна, а потоа избија оружени судири меѓу затворениците и чуварите, изјави пратеничката Марија Беатрис Мартинес, која имала увид во извештајот за бунтот во затворот во градот Гуанаре, подготвен од локалните безбедносни сили.
Според неа, во експлозија на бомба е повреден и припадник на Националната гарда.
Министерката за затворски служби Ирис Варела потврди дека дошло до бунт.