Во последните 24 часа, Босна и Херцеговина, забележа најмногу случаи на коронавирус во регионот, по Србија, додека Словенија и Хрватска со денови имаат помалку од 10 заразени.
Црна Гора, пак, со денови нема нови случаи. Досега во таа земја се регистрирани вкупно 332 инфицирани и седум смртни случаи.
Во Босна и Херцеговина новозаразени се 58 лица така што вкупниот број на досега регистрирани случаи изнесува 1.839. Во земјата забележани се и двајца починати, со што вкупниот број на починати се искачи на 72.
Хрватска забележа три нови лица позитивни на Квид-19, вкупно 2.088. Две лица починаа, а вкупниот број на смртни случаи од Ковид-19 досега изнесува 77.
Пет нови случаи се регистрирани во Словенија, додека еден починал. Словенија има вкупно 1.439 регистрирани случаи на зараза, со 94 починати.