Ловрен: Не е лесно затворени сме во нашите домови 46 дена

Дефанзивецот на лидерот во англиската фудбалска премиерлигашка конкуренција Ливерпул, Дејан Ловрен призна дека периодот на изолација е психолошка битка. Според хрватскиот фудбалер ќе треба долго време спортистите да се опорават.

– Не е лесно, ние сме затворени во нашите домови 46 дена. Психолошкиот аспект е најтежок за надминување. Ја одржувам формата што е можно физички – шутирам топка со мојот син на тревникот, но тренинзите со тимот се тотално различни.
Се обидувам да останам мотивиран од секојдневните активности во овие околности. Станувам наутро и си кажувам себеси дека ќе тренирам сериозно, но изгубив на мускулатурата во нозете затоа што 90-минутното вежбање со тимот не може да се замени со ништо, изјави Ловрен за „Спортске новости”.

Тој се надева дека Александар Чеферин и сите од УЕФА и ФИФА ќе најдат решение за да не се случи фудбалерите да мора да одиграат 15 натпревари за 30 дена.

Треба да знаете
Последни објави