Потсетување на минатогодишниот концерт на отворено „Ну Погоди“

Денеска во 23 часот на Канал 5 телевизија, ќе биде емитуван минатогодишниот спектакуларен концерт на отворено „Ну Погоди“, каде оркестарот на Македонската филхармонија ги реализира познатите теми од култните цртани филмови од земјите од Источниот блок, кои го одбележаа детството на генерациите од 70-тите и 80-тите години.

Истите беа во аранжман на Владимир Николов и под диригентската палка на Џијан Емин, каде оркестарот на Македонската филхармонија ги отсвири темите од цртаните „Балтазар“, „Мечето Ушко“, „Козле Бозле“, „Ну Погоди“ и многу други.

Овој концерт беше реализиран од страна на МКЦ – Скопје, со поддршка на Град Скопје, во рамки на серијалот „Филхармонија на отворено“, а се одржа на ден 23.06.2019 година во Градскиот парк во Скопје.

 

Треба да знаете
Последни објави