Французите, Италијанците и Британците најмалку се задоволни од владите како се справуваат со коронавирусот

Граѓаните на државите најпогодени од коронавирусот се најмалку задоволни од одговорот на владата на епидемијата, според анкета објавена денеска.

На скала од 0 до 10, најлошиот рејтинг доби францускиот претседател Емануел Макрон (4,1). Неговиот одговор на епидемијата не е задоволителен за 42 проценти од Французите.

Премиерката на Нов Зеланд, Јасинда Арден доби највисок рејтинг (7,8). Само седум проценти од граѓаните се незадоволни од нејзините мерки.

Австрискиот канцелар Себастијан Курц доби оценка од 6,8 (со 11 проценти од незадоволните граѓани). Следува германската канцеларка Ангела Меркел со оценка 6 и 20 проценти незадоволни граѓани.

Рејтинг под 6 добија британскиот премиер Борис Џонсон (5,6), италијанскиот премиер Џузепе Конте (5,5) и шведскиот премиер Стефан Левен (5,2).

Анкетата, во соработка со Институтот Ипсос и нејзините партнери, беше спроведена во седум земји од 16 до 24 април: Франција, Германија, Велика Британија, Италија, Австрија, Шведска и Нов Зеланд.

Треба да знаете
Последни објави