Колку повеќе се независни и професионални медиумите и новинарите, толку повеќе тие помагаат во демократизација на земјата и нејзините граѓани, велат по повод Меѓународниот ден на слободата на медиумите од Алијансата за Албанците.
„Во некои случаи потенциравме дека една од нашите главни цели е да се постигне целосна слобода на медиумите и слобода на изразување, како две слободи кои се заштитени и загарантирани и со многу меѓународни конвенции“, се наведува во партиското соопштение.
Во него се додава дека во Северна Македонија, новинарите не уживаат целосна слобода на изразување и честопати се малтретирани.
„Новинари, Вие сте достојни бранители на човековите и социјалните слободи и права, без Вас вистинската демократија е невозможно да функционира“, истакнуваат од Алијансата за Албанците.