Британскиот премиер Борис Џонсон откри дека лекарите се подготвувале да прогласат негова смрт кога му се влошила состојбата додека минатиот месец на интензивна нега се бореше против коронавирусот.
Тој исто така рече дека добил „литри и литри кислород” за да остане жив.
„Беше тежок момент, нема да одречам. Бев свесен дека се подготвува план за вонредна состојба. Тие имаа стратегија да одговорат на смртта по „сталинистичко сценарио”, рече Џонсон во интервјуто за Сан.
Тој вели дека реалноста за неговата состојба го погодила кога бил поврзан со монитор и префрлен на интензивна нега.
Британскиот премиер додаде дека резултатите од анализите на крвта „постојано биле во погрешна насока” и дека сфатил во тоа време дека нема лек за Ковид-19.
Џонсон се врати на работа во понеделникот, еден месец откако беше утврдено дека е позитиввен на новиот коронавирус.