(Видео) Полицијата во Бали ги казнува со склекови оние кои не носат маски

Полицијата во Бали ги казнува луѓето кои не носат заштитни маски поради коронавирусот, така што ги принудува да прават склекови на среде улица.

Локалните службеници за безбедност, познати како „Пекаланг“, неодамна казнувале со склекови во близина на традиционално село, источно од градот Денпасар, пренесува „Дејли Мејл“.

На фотографија објавена од „Денпасар нау“ се гледа како човек прави склекови на среде улица додека полицајците со службено возило се собрани околу него.

Медиумите известуваат дека склековите се смислени како санкција со цел да имаат „спречувачки ефект“ врз оние што се обидуваат да влезат во традиционалното село Санур, без маска.

https://www.instagram.com/p/B_f9GuEgN_u/?utm_source=ig_web_copy_link

На овој начин, полицијата ја подига свеста за новиот закон, кој стапи во сила на 1 мај.

Според него, оние што влегуваат во селото без маски ќе се казнат со пет килограми ориз (околу 68 австралиски центи) и општокорисна работа.

 

Треба да знаете
Последни објави