Во Италија во последните 24 часа, 174 лица починаа од коронавирус, што е намалување од 300 во споредба со вчера и најмал број на смртни случаи на дневна основа уште од 10 март.
Бројот новозаразени е 1.389, што е исто така е значителен пад во споредба со претходните денови, пренесува „Ројтерс“.
Овие информации се охрабрувачки, а Италија се подготвува за утрешното постепено олабавување на двомесечниот карантин.
Од избувнувањето на епидемијата починаа вкупно 28.884 лица, а се заразија 219.717, соопшти Агенцијата за цивилна заштита.