Новиот документарец на „Нетфликс“ кој беше направен за поранешната принцеза Дајана, открива дека таа сакала да се убие четири пати, додека била во брак со принцот Чарлс, пишува „Дејли Мејл“.
Според британските медиуми, новиот документарец нималку не им се допаднал на принцот Вилијам и Хари „Нетфликс“ го сними документарецот Being Me: Diana, кој ги следи животните турбуленции на нивната покојна мајка, принцезата Дајана.
Документарниот филм ги изнесува скандалозните тврдења дека принцезата се обидела да се убие четири пати.
Продуцентите планираат четири продолженија, а приказната ќе ја следи борбата на Дајана со нејзиното нарушено менално здравје, пореметување во исхраната, несреќниот брак со принцот Чарлс и болното детство „Вилијам и Хари се вознемирени и гневни“, изјавил анонимен извор за британските медиуми…
Преземено од reporter.mk