Во Косово вчера се потврдени десет нови случаи на заболени од Ковид-19, со што продолжи неколкудневниот тренд на помалку заболени одошто излекувани од Ковид-19, јави дописникот на МИА од Приштина.
Како што соопшти Институтот за јавно здравство на Косово (ИШПК), вклучително вчерашните нови случаи, од кои петмина се од Митровица, тројца од Призрен и двајца од Ораховац, од појавата на епидемијата во Косово се евидентирани вкупно 823 лица кај кои е потврдено присуството на новиот вирус.
Во синоќешното соопштение на ИШПК се наведува и дека во саботата во земјата се потврдени рекордни 38 нови случаи на лица кои, по тестирањата два дена едноподруго, согласно методите на Светската здравствена организација, резултираа излекувани од Ковид-19, со што бројката на тие кои ја пребродиле болеста се зголеми на 336.
Во Лабораторија за молекуларна микробилогија на ИШПК вчера се извршени испитувања на 231 примерок на лица за кои постоело сомневање дека е можно да се заразени од новиот вирус, со што вкупната бројка на досега извршени тестирања изнесува 7.875.
Ниту во саботата, како и во претходните четири дена, во Косово не е евидентирана ниедна жртва на Ковид-19, така што вкупната бројка на починати од заразата и натаму е 22