Најмногу дожд во Охрид, северен ветер и утре

Најмногу дожд во изминатите 24 часа наврнал во Охрид – 19 литри на метар квадратен. Синоптичарите и за денеска најавуваат слично време со повремени локални врнежи од дожд и засилен северен ветер, особено во источните делови.

Максималната температура ќе биде во интервал од 15 до 23 степени.

Според Управата за хидрометеоролошки работи, утринава најстудено е во Лазарополе каде е измерен само еден степен над нулата.

Северен ветер ќе дува и утре, а потоа ќе настапи стабилизирање на времето освен во среда кога повторно ќе има услови за локални врнежи од дожд. Дневните температури ќе бидат во благ пораст.

Треба да знаете
Последни објави