Помпео: Постојат многу докази дека короната потекнува од лабораторија

Американскиот државен секретар, Мајк Помпео, денеска изјави дека има многу докази оти коронавирусот потекнува од лабораторија во Вухан, а не од околните пазари во градот.

„Постојат многу докази за тоа од каде почнала целатa приказна. Уште од стартот велевме дека вирусот потекнува од Вухан“, рече Помпео за Еј-би-си.

Сепак, тој не кажа директно дали смета дека коронавирусот е намерно ослободен.

Помпео додаде дека нема причина да се сомнева во ставот на американското разузнавање.

Тој рече дека кинеската страна не дозволува пристап до информации од важност и дека ова не е прв пат светот да биде изложен на вируси заради, како што кажа, „пропусти во работењето на кинеските лаборатории“.

Треба да знаете
Последни објави