Вчера во 19,10 часот, за време на забраната за движење, полициски службеници од СВР Скопје на булеварот „Партизански одреди“ кај мостот „Обединети нации“ го лишиле од слобода Д.П.(31) од Скопје и при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок, соопшти полицијата.