Искусниот голман на Еурофарм Пелистер, Никола Митревски си заминува од Битола.
Митревски се реши да го напушти битолскиот тим. Ова секако е голем удар за Е.Пелистер кој обезбеди неколку засилувања во последниот период, Митревски беше и тоа како важен дел од битолскиот тим.
Пред да се пресели во Еурофарм Митревски бранеше во Вардар, Металург, Бенфика и романската Доброгеа Суд.
Засега не е познато каде Митревски ќе ја продолжи кариерата, меѓутоа сигурно е дека нема да го продолжи едногодишниот договор кој го потпиша на почетокот на минатата сезона.