СДСМ: На граѓаните им се потребни функционални институции, изборите треба да се одржат веднаш по стабилизирање на пандемијата

На граѓаните им се потребни функционални институции, изборите треба да се одржат веднаш по стабилизирање на пандемијата
На граѓаните им се потребни функционални институции, враќање на нормалниот колосек на европските интеграции и затоа, штом се стабилизира епидемијата, во првиот можен рок треба да се реализираат изборите.
Веднаш штом здравството и епидемиолозите потврдат дека вирусот е под целосна контрола, треба да продолжи изборниот процес и изборните дејствија, онаму каде што застана на 12 април за веќе закажаните избори.
Справувањето со пандемијата со коронавирусот принудно го стопираше изборниот процес непосредно пред стартот на предизборната кампања.
А, демократијата бара Собранието да ја контролира извршната власт и да биде на располагање за нови одлуки, со полн мандат од граѓаните.
Тоа е причина повеќе да продолжиме по патот на обезбедување на новата нормалност, која веќе сите ја живееме. Одговорноста на политичките партии и на институциите е да направат се, колку може побрзо да го обезбедиме  нормалното секојдневие  на граѓаните.
Ги повикува сите граѓани на уште поголема внимателност и посветеност при почитувањето на мерките и препораките за заштита од коронавирусот.
СДСМ ќе продолжи да се однесува крајно одговорно и секој следен чекор, како и до сега, ќе биде исклучиво во функција на сигурната иднина на граѓаните.

 

Треба да знаете
Последни објави