По повод Светскиoт ден на слободата на медиумите, заменик министерката во МИОА, Невенка Стаменковска Стојкоски упатува честитка до медумите и новинарите, кои како што вели, будно ја чуваат слободата на медиумите и правото на слободно изразување со што придонесуваат кон одржување на демократските процеси во Република Македонија.
„Живееме во време на пандемија каде вие медиумите сте изложени на висок ризик при работа, а притоа неуморно и покрај сите притисоци и цензура во изминатиот период со објективно информирање придонесувате да се спасат човечки животи. Ви благодарам
Нашите напори и посветеност за не дискриминација на медиумскиот простор, поддршка на новинарите и борбата со лажните вести ќе продолжи и сигурна сум дека ќе победи.
Честит 3 мај, светски ден на слободата на медиумите“-напиша таа.
https://www.facebook.com/nevenkastamenkovska/photos/a.225876057842391/939685606461429/?type=3