Царовска: Во кризата од Ковид како Влада одлучивме најпрво да го заштитиме здравјето на граѓаните, а потоа да одговориме и на другите предизвици

Заменичката на претседателот на владата за економски прашања Мила Царовска, во интервју за „Трилинг“ изјави дека Владата одговора со соодветни мерки кон граѓаните и бизнисот за справување со предизвиците од Ковид-19 согласно реалните потреби и на дневно ниво ја следи состојбата.

„Ова е една криза во светот , не само во нашата држава со којашто се соочуваат и многу развиени земји од коишто ние треба да учиме. И мислам дека нема ниту вооедначен модел на водење , на лидерство во оваа војна. Сите земји земаат различен модел којшто го зметаат за правилен и сметам дека нашата земја го избра правилниот модел. Прво да го заштитиме здравјето на граѓаните, да тоа ни биде фокусот. Така првиот месец гледате навистина бевме насочени кон тоа прашање. Како почнаа да се појавуваат првите социо-економски движења да кажеме негативни, спремивме помал пакет за поддршка, па поголем пакет за поддршка, па на дневно ниво ги следиме како се одвиваат работите за да не згрешиме и ако згршиме не сме суетни за да не се поправиме или да промениме одредена одлука. Затоа барам и граѓаните да не ни се лутат кога некогаш ги менуваме одлуките. Тоа е со цел да ги адаптираме на потребите на сите оние коишто треба да ги искористат. Зашто најлесно е да направите мерки кои никој не може да ги искористи. И тогаш што правиме? Вие сте рекле дека правите одредена поддршка, а при тоа никој не може да искористи на крајот сите се губитници“, рече Царовска.

Вицепремиерката истакна дека проекциите за економските движења на земјата на Светска банка се од -1,3 до -3,6% и според тоа пресметуваат дека во целиот регион ние веројатно ќе бидеме најниско засегнати.

„Важно е дека ние застанавме позади граѓаните, застанавме позади компаниите и со тоа покажавме едно водство во регионот и здарвствено, но и социо-економско. Затоа веројатно негативните ефекти ќе бидат најмали во нашата држава. Продолжуваме дневно да ја следиме состојбата, дневно да ги информираме граѓаните што треба да превземаат и дневно да ги информираме што е она коешто им следи на располагање. Така ќе си помогнат себе, а со тоа ќе и помогнат и на државата“, рече Царовска.

Треба да знаете
Последни објави