Брнабиќ најави укинување на вонредната состојба во Србија

Епидемиолошките параметри во Србија се се поповолни, а бројот на новозаразени и починати опаѓа, објави денеска кризниот штаб, а српската премиерка Ана Брнабиќ навести дега набрзо ќе биде укината вонредната состојба.

Брнабиќ денеска за ТВ Прва, коментирајќи го почетокот на олеснување на рестриктивните мерки од 4 мај, истакна дека доколку бројот на новозаразени не продолжи да се намалува, мерките ќе бидат повторно воведени.

Истото предупредување го упати и членот на кризниот штаб, инфектологот Горан Стевановиќ кој напомена дека е потребно уште неколку дена бројот на новозаразени да биде низок за да се размислува за укинување на полицискиот час, кој сега трае од 18 часот навечер до 5 часот наутро.

Во Србија, во последните 24 часа потврдени се 102 случаја на коронавирус, а тестирани се 5.264 лица. Има и четири нови смртни случаи, со што вкупната бројка се искачи на 193. Стапката на морталитет е 2,04 проценти.

Треба да знаете
Последни објави