Авганистанските власти ослободија најмалку 100 затвореници од бунтовничкото талибанско движење. Според извештај, талибанците биле ослободени од затвор во Кабул.
„Ослободувањето на затворениците од талибанските и државните затвори треба да се забрза за да се спречи ширењето на епидемијата на вирусот Ковид-19″, но и да се поттикнат натамошни разговори”, соопшти полковникот Сони Леџет, портпарол на вооружените сили на САД во Авганистан, во пораката на Твитер до портпаролот на талибанците Забухулал Муџахид.
На 29 февруари САД и талибанците потпишаа мировен договор според кој САД ќе ги повлечат своите трупи од Авганистан во рок од 14 месеци. За возврат, талибанците не би ги напаѓале американските трупи и нивните сојузници во Авганистан.
Како почеток на градење меѓусебна доверба и преговори на властите и талибанците (требаше да почнат на 10 март), владата се обврза да ослободи 5.000 затвореници, а талибанците 1.000.