Со намалувањето на бројот на тестови, се намалува и бројот на детектирани ново заразени. Одлуката за намалување на тестовите е политичка и не е донесена од Комисијата за заразни болести. Тогаш како може да се тврди дека експертите односно епидемиолозите ќе донесат одлука за можност или неможност за одржување на избори?
Доколку Владата ја слушаше Комисијата за заразни болести, тогаш нели требаше и овој Прво Мајски викенд да биде целосно затворен?
Без тестирање, без вистински аргументи, како ќе одлучуваат експертите??? Потребно е да се зголеми и забрза тестирањето, за да знаеме со што се бориме. Потребно е да се тестираат ризичните групи, како докторите и медицинските работници.
Како ќе одлучуваат експертите? Врз основа на тоа што ќе им издиктира Љупчо Николовски или Зоран Заев???
Подготвен ли е Љупчо Николовски, да ги носи на одговорност во просек 4-5 смртни случаи кои што ги имаме дневно од корона во здравствениот систем? За период од 60 дена тоа ќе бидат вкупно околу 300 починати лица.
https://www.facebook.com/GNikolovIgor/photos/pcb.1365576120293715/1365575483627112/?type=3&__tn__=HH-R&eid=ARCpJIwEAAOxX7RJGvwHyQlY8AXDTBfdciLVM0Hxo7LcHUSAXuM6fo2JjdXE2MLSvMbhn8My59gaMEXS&__xts__%5B0%5D=68.ARBFR5U1Z3lFVcqxui28Xovv2ULcB9yyidxEtb6YC-Ij8C8GWizvK1Sk4kppTrlF_ThEd8m6Vq-7x0z7TQxe4ADErEmYagzicxDxRZsROD8tUK2Ke98pyiOCQFLBcDXxL4bfvYB6mBumPvekaqz2QzFm6MrOwCiRGCVRpJdDS8TXkHj3_H-WD_Nq8g7cK8FpZGH5MFVG6ittAcD1IreT170jfQ4leqquqTpVYyChewg23sMFeem2GYQAl5LKm_XEkja6UhIloop1jJiLBpdaOyT1iMOIvneRmYCm7nSiE3JSJhk_YBzglllprWFmv1XIlo1uVQUT5DAl-QRSGbNiLQNLZw