Хилтон своите лојални поддржувачи ги смета како нејзини помлади браќа и сестри и секогаш прави некои од нив да бидат блиску до неа, каде и да работи во светот, пишуваат таблоидите.
Богатата наследничка на синџирот луксузни хотели „Хилтон“ (39) рече: „Јас моите фанови ги сметам како мои помали браќа и сестри. Тие себеси се нарекуваат „малите Хилтони“ (the Little Hiltons).
„Врската што ја имаме е неверојатна. Некои од нив, всушност, доаѓаат и остануваат. Каде и да одам низ целиот свет, сакам тие да се таму околу мене затоа што се чувствувам осамена а и здодевно е кога постојано патувам сама.“
„Убаво е да има луѓе околу мене, луѓе кои ме сакаат таква каква што сум и кои немаат лоши намери. Тоа е вистинска љубов.“
Поранешната sвезда на „Едноставен живот“ е благодарна за социјалните мрежи затоа што ја зближиле со семејството фанови.
Во интервју за списанито New! (Њу!) таа рече: “Благодарение на социјалните медиуми, можам да останам во контакт со нив, да добијам совет од нив и да ги запознам. Ние сме како семејство.”