Една линија долга над 60 километри. Тоа е службениот пат на полицаецот Боби Додевски. Одење на работно место. Живее во Скопје, но работи во граничната полициска станица Белановце. Секојдневната рутина сега му ја смени вонредната состојба и корона епидемијата. Па мора да оди на работа пеш. Се најдовме кај Маџари, дотука стига со градски автобус на ЈСП и оттука главно продолжува пешки или ако има среќа со автостоп.
Кога првпат ја слушнавме приказната повеќе ни личеше на скеч, а Додевски покрај полициската задача снима и хумористични скечеви во емисија на кумановска телевизија. Но не беше виц, туку реалност. На пат кон Белановце и Куманово, тој често се снаоѓа со авто-стоп. А тоа е ризик и за него, но и за цела полициска смена.
Целата приказна прочитајте ја на Телма