Харисон Форд му било речено да не слетува на пистата на аеродромот Хоторн во Калифорнија минатиот петок затоа што друг авион вежбал посебен вид слетувања, но актерот сепак слетал на другиот крај од пистата и покрај алармот од контролната кула, објави ТМЗ.
По слетувањето на аеродромот, аудио-снимка добиена од таблоидот ТМЗ открива дека контролорот на летање му кажал на 77-годишниот актер: “Може ли да не слетувате? Има промет на пистата”.
Меѓутоа, авионот на актерот од „Војна на ѕвездите“ забрзал кон пистата и почнал да ја преминува, при што контролорот луто изреагирал дека ветеранот пилот ги игнорирал неговите инструкции.
Харисон веднаш се извинил. Тој наводно сфатил дека добил одобрение да слета на пистата.
Немало опасност од судар на авионите затоа што другиот авион бил оддалечен 1.100 метри од тој на Харисон кога тркалата ја допреле пистата и повторно бил во воздух долго време пред да стигне до местото каде што бил актерот.
Федералната управа за авијација (ФАА) истражува.
Другиот авион вежбал специјален маневар познат како Touch-and-go landing (слетување-и-полетување). Овој маневар е вообичаен за оние кои учат да пилотираат авион со неподвижни крилја – пилотот ги исфрла тркалата, тие ја допираат пистата и веднаш полетува без да застане. Потоа тој кружи околу аеродромот по дефинирана шема, и го повторува маневарот.