Почна загревањето за спектаклот „Rooftop Live Music“ и музичкиот настап во живо на Наде Талевска и Горан Наумовски, Trinity Strings и DJ Todoroff на покривот на една од кулите од Џевахир Скај Сити комплексот.
Камерата на 24 Инфо забележа дека подготовките течат во најдобар ред и атмосферата е на највисоко ниво.
Музичкиот хепенинг ќе почне во 18.45 часот.
Во настанот, кој е во организација на Општина Аеродром и Џевахир Скај Сити, освен жителите на комплексот ќе можат да уживаат сите други кои ќе го следат live stream преносот преку Фејсбук страницата на Општина Аеродром.