Со голема мачнина Веап Мустафа пред камерите на „Код“ ги раскажува деновите поминати на Инфективната клиника. На почетокот со сопругата биле сместени во една соба но, како поминувало времето нејзината состојба се влошувала. Алије е ставена на респираторна машина, нејзината состојба станува критична…
Веап се чувствувал подобро, но како неговата состојба се подобрувала така се влошувала таа на сопругата. Тој имал само неколку дена температура над 40 но, за разлика од Алије немал висок притисок и толкави приблеми со срцето.