Откриено е името на книгата, што е всушност биографија на војводата и војвотката од Сасекс. Книгата, за која се очекува да биде бестселер, симболично се нарекува „Потрага по слобода“.
Предвидено е да биде објавена преку Интернет на 11 август.
Описот на биографијата на „Амазон“ ветува дека книгата нуди „искрен и разоружувачки портрет на самоуверениот, влијателен, прогресивен принц Хари и Меган Маркл“.
Минатиот месец беше објавено дека војводата и војвотката соработуваа со Омид Скуби и Кетрин Дуранд на новата книга што може да го постави кралското семејство пред некои нови предизвици.
Описот на книгата исто така вели дека „малкумина ја знаат вистинската приказна за Хари и Меган“.
Харпер Колинс, сопственик на Деј Стрит Бакс и издавач на оваа биографија, објави краток опис на соработката помеѓу Меган и принцот Хари со двајца новинари.
Издавачите велат и дека материјалот ќе открие непознати детали за животот заедно на Хари и Меган и дека многу гласини и заблуди што ја мачат двојката ќе одекнат од обете страни на океанот.
„Книгата има уникатен пристап и беше напишана со учество на оние што се најблиски до парот. Станува збор за потрага по слободата на влијателна и перспективна двојка која не се плаши да прекине со традицијата и кои се решени да создадат нов живот, надвор од центарот на вниманието и посветен на хуманитарната работа“, додава издавачот.
Биографијата од 320 страници се очекува да биде глобален бестселер.