Лампард: Срамно е фудбалерите да бидат тестирани пред медицинските професионалци

Менаџерот на Челси, Франк Лампард изјави дека медицинскиот персонал треба да има предност пред фудбалерите кога станува збор за тестирање за коронавирус среде пандемија.

– Не го знам бројот на тестови што се извршени на медицинскиот персонал на Националниот здравствен систем, кои со месеци се борат со пандемијата. Сметам дека е срамно за фудбалерите да бидат тестирани пред медицинските професионалци кои се во првите редови во борбата против вирусот. Се надевам дека не сум само јас, рече Лампард.

Легендарниот Англичанец изјави дека фудбалот е тимска игра со директен физички контакт и дека здравјето на фудбалерите и персоналот е исклучително важно.

– На сите ни недостасува фудбал, но како да се вратиме на теренот без да ги доведеме во опасност фудбалерите? Мора да се соочиме со таа реалност и да бидеме реални, додаде Френк Лампард.

Треба да знаете
Последни објави