Ливерпул му понуди на Вернер петгодишен договор за 50 милиони евра

Ливерпул сепак има намера да се здобие со напаѓачот на РБ Лајпциг, Тимо Вернер. „Црвените” му понудија на Германцот 5-годишен договор со плата од 10 милиони евра годишно, плус бонуси, пренесува новинарот Николо Скира.

Вернер е приоритетна трансфер цел за главниот тренер на Ливерпул, Јирген Клоп. Преговорите меѓу клубот и играчот се во напредна фаза.

Дваесет и четиригодишниот Германец оваа сезона има одиграно 36 натпревари за Лајпциг и постигнато 12 голови со 12 асистенции.

Самиот играч претходно изјави дека би сакал да ја продолжи кариерата во странство, и покрај интересот на Баерн Минхен. 

Треба да знаете
Последни објави