Во САД првпат се појавија смртоносни стршени од Азија, кои се долги повеќе од пет сантиметри, предупредуваат американски научници, додавајќи дека се загрижени оти тој вид би можел да се насели во САД.
Научниците потсетуваат дека во Јапонија секоја година од убод на стршени-убијци страдаат 50 луѓе. Овие стршени имаат „очи како Спајдермен, портокалови и црни линии кои минуваат низ телото како кај тигар, и широка вилица и крилја како кај мал змеј”, пишува Њујорк тајмс.
Тој агресивен инсект, наречен „стршен убиец”, може да уништи цела кошница пчели за неколку часа, а со својата вилица можат да пробијат и пчеларски заштитен костум.
Пчеларите во Вашингтон веќе ги виделе на дело овие „убијци”.