37-годишен охриѓанец е хоспитализиран откако вчера бил избоден со нож. Инцидентот според полицијата се случил вчера во 17,40 часот во Охрид на улицата „Кузман Капидан“.
„По претходна расправија Б.М.(40) од Скопје со нож му нанел неколку убодни рани во пределот на стомакот на У.И.(37) од Охрид. У.И. се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Медицинскиот центар Охрид за укажување на лекарска помош. Б.М. бил приведен во полициска станица, а пронајден бил и ножот. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот“, информира полицијата.